ХЦ Божји Глас - Прилеп
ХЦ Божји Глас - Прилеп е заедница на верници кои се доброволно крстени по лична вера во Господ Исус Христос, и кои Го прифатиле за нивни Господ и Спасител.
Почетоците на ХЦ Божји Глас - Прилеп датираат од 2008 година кога по Божја промисла во Прилеп доаѓаат двајца мисионери од САД, Кајл Киркпатрик и Џеф Вилијамс со нивните семејства, и отпочнуваат со мисиска станица на ХЦ Божји Глас - Скопје. За да на 29.11.2015 година се одржи основачко собрание на ХЦ Божји Глас - Прилеп. За прв старешина е избран Александар Карафилоски.
Како таква, заедницата водена од Бог работи до денес, проповедајќи го Евангелието на Господ Исус Христос.
Веруваме
Дека човекот се оправдува и спасува од својот сопствен грев и гневот што доаѓа само по благодат преку вера, што е положена во Господ Исус Христос, за да живее еден трансформиран живот, во согласност со Светото Писмо, за слава на Бог.
1. Само Светото Писмо
е наш доволен, непогрешлив и конечен авторитет за вера и секојдневно живеење
„ Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата.“- 2 Тимотеј 3:16; види и Римјаните 15:4; Исаија 40:8; Псалм 19:7-10
2. Само Благодат
нашето спасение и оправдување е единствено по Божјата суверена благодат и не зависи од никаква заслуга и наше дело
види Ефесјаните 2:8-9; Тит 2:11, 3:7
3. Само Вера
ние се оправдуваме преку вера во Исус Христос, не преку нашите религиозни и добри дела
види Ефесјаните 2:8-9; Јован 3:36, 11:25; Римјаните 10:9-11
4. Само Христос
Исус Христос е единствениот посредник меѓу Бог и луѓето, така само преку Него и Неговата смрт и воскресение сме оправдани пред Бог
види 1 Тимотеј 2:5; Јован 14:6; Дела Апостолски 4:12; Евреите 1:1-4; Колосјаните 1:15-20
5. Само Божја Слава
сета слава за сѐ во нашите животи му припаѓа единствено на Господ Бог
види Филипјаните 2:11; 1 Коринтјаните 10:31; Римјаните 11:36